Поликлиника каква што заслужувате!
Квалитетни услуги од врвен тим составен од професионален кадар чиј приоритет е Вашето здравје!
ПЗУ ,, Галмедикус" е една од првите здраствени установи во општина Неготино, основана на ден 01 Јуни 1994 од страна на примариус Д-р Јордан Нечев специјалист по општа медицина.
Во текот на своето работење цели 26 години, ПЗУ ,,Галмедикус" е водена од мисијата и визијата на Д-р Јордан Нечев, цврсто фокусирана кон пациентите, промовирање негување и унапредување на здравјето преку градење на непосреден однос со пациентите и вработените и овозможување на квалитетна и одговорна здраствена заштита.
Таа наша заложба, упорна работа и труд беше потврдена и со добивање на признание 8 -Ноември од страна на општина Неготино во 2005 година.
Потребата за континуирано подобрување на здравјето на Нашите пациенти, налагаше повторно инвестирање како во кадровскиот така и во инфраструктурниот капацитет. Во овој момент ПЗУ Поликлиника ,,Галмедикус" располага со четири општи амбуланти, лабараторија и две современи специјалистички амбуланти по урологија и интерна медицина со комплетен тим на стручни и искусни лекари.
Во ПЗУ Поликлиника ,, Галмедикус" исто така се целосно опремени 2 дневни амбуланти од кои едната амбуланта е опремена за пациенти со Ковид 19 со почитување на здраствените прокотоли за целосно обезбедување на заштита за пациентите и медицинскиот кадар.
Денес ПЗУ Поликлиника ,,Галмедикус" е докажана здраствена установа која ги задоволува барањата на Нашите пациенти за квалитетна и одговорна здраствена заштита, следејќи ги најновите достигнувања на модерната медицина овозможувајќи комплетна здраствена услуга на едно место!